Француските брендови што се појавија во последниве сезони нè пленат и инспирираат со таа своја ноншалатност и шик шарм, после Sézane и Rouje кои станаа фаворити на Инстаграм, време е да се запознаеме со новиот омилен бренд – Musier Paris. Зад брендот стои Анелор Ме Моро, блогерка и Инстаграмџика позната како @adenorah. Таа дел од својот личен стил го вметнала во креациите на Musier Paris во кои се мешаат париски шик, женственост и суптилен сексапил. Пред неколку дена Анелор ја престави есенската колекција на својот бренд во која предлага карирани костими, миди фустани на преклоп, слип здолништа, блузи на врзување и панталони со впечатлив леопардов принт, класични пепито палта, шик џемпери, елегантни црни комбинезони, одлични чевли и модни додатоци.
BREAKING NEWS @musierparis new co launch this friday ✨
A post shared by AnneLaure Mais Moreau (@adenorah) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари