Урбаниот италијански бренд Police во соработка со Warner Bros и THE BATMAN лансираше лимитирана едиција на часовници, во кои преовладуваат смели и темни елементи, инспирирани од глобалниот феномен – Бетмен. Во вистински Готам амбиент и возбудлива атмосфера, уникатните часовници беа претставени вчера на ексклузивен настан организиран од MY:TIME. На глобално ниво се достапни само 10.000 часовници, а на огромна радост на македонските фанови на „The World’s Greatest Detective“, MY:TIME се погрижи целата колекција часовници да биде ексклузивно достапна и кај нас. Четирите часовници се именувани по франшизата и претставуваат силен и моќен ансамбл инспириран од Бетмен: THE BATMAN, THE BATMAN – Vengeance Edition, THE BATMAN – Gotham City Edition, THE BATMAN – Cat Woman Edition.
THE BATMAN
THE BATMAN – Vengeance Edition
THE BATMAN – Gotham City Edition
THE BATMAN – Cat Woman Edition
Нема коментари