• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Новото издание на Моден викенд од 1 до 3 октомври во Јавна соба

Од stylist @StylistMKD · На септември 22, 2020

00 FWSK22

FWSK и ONLYAFEW најавуваат реномирани дизајнери, како и нови иновативни таленти од нашата земја и странство, што ќе се претстават во рамки на тридневниот шоурум „Свесна Мода“ од 1 до 3 октомври во Јавна Соба. Поканата е отворена за сите љубители на убавиот и квалитетен дизајн, кои ќе имаат уникатна можност да се запознаат со нив, да ги погледнат изложeните креации во живо, како и на лице место да си одберат единствени парчиња по најповолни цени.

Со музички перформанс на маестралниот Gloomié за свечено отварање на дваесет и второто издание, наредниот четврток (01.10) со почеток од 19 часот во Јавна Соба ќе се означи стартот на најкултното модно случување во градот. Моден Викенд Скопје оваа сезона е конципиран како тридневен „поп-ап“ настан со продажен шоурум, арт инсталации, студентски изложби, едукативни предавања и богата музичка програма. Влезот е слободен од 10 до 22 часот во петок (02.10) и сабота (03.10). И дефинитивно е пригода што не се пропушта.

01 Evgenija Zafirovska

Евгенија Зафировска

Списокот учесници на ‘CONSCIOUS FASHION POP UP SHOWROOM’ го сочинуваат низа еминентни и перспективни дизајнери и брендови од земјата и странство, како Ирина Тошева, Евгенија Зафировска, Terziya, Стефанија Насеска, Para Todos, MinnimalMK, Ксенија Котев, Seddum, Tessuti Art by Ana Jakim, Meleem, Senka, Lipa, Saksija Urban Pots, Siidess Furniture… Експонатите ќе може да се купат со големи попусти на принципот ‘See now – Buy now’.

„Заедно со нашите партнери направивме внимателна селекција на современи дизајнери и брендови кои вреди да ги види широката публика. Главна цел како организациски тим ни е да им пружиме максимална поддршка на креативните дејци во моментот, фокусирајќи се на врвните имиња, но и на новите таленти кои следат еколошки, занаетчиски и етички пристап во работата. Тие се модните херои на денешницата, бидејќи позитивно влијаат на свеста на заедницата.“- истакнува Милан Атанасов, координатор за односи со јавност на FWSK.

02 Senka

Сенка

Моден Викенд Скопје ја продолжува плодната соработка со школата за уметност и дизајн Djolev and the Arts, чиишто студенти низ изложба на своите изработки ќе ви докажат дека на македонската мода и дизајн им се насмевнува светла иднина. Во однос на eдукацијата за целосната одржливост како начин на живот, којшто може да има длабок импакт на иднината на планетата и човештвото генерално, со професионални излагања на темата ќе се вклучат во панел дискусија претставниците на Fashion Revolution.

Кон мисијата да се промовира најдоброто од одржливиот дизајн во Скопје, како коорганизатор за реализација на проектот „Свесна Мода“ се придружи берлинската консалтинг агенција ONLYАFEW, предводена од тандемот Дороти Сара Спехар и Кристина Илиевска, кои по пробивот на скандинавската сцена во Копенхаген, како нареден предизвик за проширување на нивната заедница ја препознаа нашата метропола.

04 Para Todos

Para Todos

„Ни претставува особена чест и задоволство што сме активно вклучени во сите аспекти, од планирањето до имплементацијата на идеи за овогодинешното издание на Моден Викенд Скопје. Нашата агенција нуди консултантски услуги скроени по мерка за брендовите, односно им овозможува да ја дефинираат нивната ДНК, заснована на одржливост, креативност и иновативност. Ја промовираме визијата за мали колекции базирани на вештини, разумни пласмани за продажба, фер услови помеѓу брендовите и трговците, како и радикална транспарентност.“- нагласува Кристина Илиевска, креативен директор во ONLYAFEW.

Сите последни вести за учесниците и за програмата, односно мултимедијалните содржини пред, за време и по одржувањето на настанот ќе се објавуваат тековно и онлајн на социјалните мрежи. Дигитален партнер на дваесет и втората сезона на Моден Викенд Скопје е телекомуникацискиот оператор А1.

03 Lipa

Липа

Нов пријател за нега и убавина е француската медицинска козметика URIAGE со линијата Age protect, која превенира создавање на брчки, ги коригира постоечките и штити од зрачењето на сината светлина од ЛЕД екраните на електронските уреди.

Јавна Соба ќе добие магичен амбиент благодарение на Цветна Фабрика, малата работилница која секојдневно ги слави убавината и сензибилитетот на секој цвет и латица, додека одблесокот на огледалата од уметничката инсталација на MG ART ќе создаде вистински рај за сетилата во просторот. За визуелниот имиџ е заслужна графичката дизајнерка Јана Марковска – Do More.

05 Seddum

Seddum

На коктелот и афтер-журките одново ќе се наздравува со сортните вина на Vizba Valandovo Winery, или, пак, по некоја чашка ракија од дестилеријата Антика. Сигурноста на драгите и ценети гости и учесници, доверена им е на посветените момци од MDN обезбедување.

Не заборавајте да се вклучите во шоурумот „Свесна Мода“ од 1 до 3 октомври и бидете сведоци за делата на нашите херои.

*За време на настанот ќе бидат применети сите мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19.

(ПР текст)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 8martovski bazar моден монитор

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

  • sienna моден монитор

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

  • ?????????????????????????????????????????????????????????????????????????????? моден монитор

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics