• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

„Убавина и здравје“ ја организира конференцијата „Профемина 2019“ на 27 ноември во „Александар палас“

Од stylist @StylistMKD · На ноември 21, 2019

profemina2

На 27 ноември во хотелот „Александар палас“ во Скопје ќе се одржи регионалната конференција за жени „Профемина“. Настанот е во организација на списанието „Убавина и здравје“ и тимот Колор Медиа Плус

Во рамките на конференцијата е планирано да се реализираат пет панели, на кои ќе се дискутира на различни теми во кои акцентот ќе биде ставен на убавината, негата, здравјето и на сè што е од исклучителна важност за припадничките на понежниот пол.

Прва специјална гостинка на годинешното издание на конференцијата за жени „Профемина“ ќе биде писателката, водителка, новинарка, уредничка и сценарист Весна Дедиќ. Родена е во Осјек, а живее и работи во Белград. Авторка е и уредничка на емисијата „Балканска улица“, која повеќе од 25 години се емитува на РТС, и е една од најгледаните емисии во регионот. Нејзиниот последен роман го носи името „Никад нисам“, кој е 11-от роман што го има објавено.

Весна важи и за една од најнегуваните дами на јавната сцена во регионот, важи за голем борец и апсолутно сè во животот има постигнато сама. Одлично се снаоѓа во кујната и сака да готви. Не е од оние жени што претерано се оптоварени со килограмите, важи за голем гурман по природа, но благодарение на фитнесот кој го практикува со години наназад никогаш немала проблеми со вишок килограми. Редовно оди на масажи и мезотерапија и досега нема направено естетски зафат на себе.

Има еден развод зад себе и мајка е на Ленка, која во моментов студира во Лондон.

Присутните гости на „Профемина 2019“ во Скопје ќе ги почести уште една позната српска писателка и поранешна водителка и новинарка. Станува збор за Јелена Бачиќ – Алимпиќ, која важи за миленичка на регионалната публика. Родена е на 26 март 1969 година во Нови Сад, каде што живее заедно со сопругот Мирослав Алимпиќ, со кого има две деца, синот Марко и ќерката Дуња.

Пред повеќе од шест години се повлече од светот на водителството и му се посвети на пишувањето. Има објавено седум романи, дел од нив се преведени и на македонски јазик, а последен во низата е „Нигде нема те“.

Нејзин заштитен знак отсекогаш бил негуваниот изглед, по природа е голем авантурист и многу сака да патува, а Македонија е една од нејзините омилени дестинации и редовно е наша гостинка.

На „Профемина“, писателката ќе зборува на темата „Што сакаат жените“ и ќе го сподели своето искуство со сите посетители на конференцијата.

Покрај Дедиќ и Бачиќ – Алимпиќ, на 27 ноември во хотелот „Александар палас“ во Скопје доаѓа и српската пејачка Наташа Беквалац.

Новосадската барбика, која ја краси насловната страница на ноемвриското издание на магазинот „Убавина и здравје“, пред македонската публика првпат јавно ќе зборува за сè она што го има обележано нејзиниот живот, како професионалните успеси, така и приватните емотивни подеми и падови.

2 profemina

На регионалната музичка сцена опстојува цели 20 години, а токму по повод на овој голем јубилеј на 14. февруари 2020 година во Белград ќе го одржи и својот прв голем солистички концерт.

Пред посетителите во хотелот „Александар палас“ ќе ја открие и тајната на својот совршен изглед, својата рутина за нега и разубавување, начинот на исхрана и живот.

Покрај овие познати дами од соседството, учество на конференцијата ќе земат и голем број на познати и еминентни имиња од домашната јавна сцена.

Ве чекаме на „Профемина 2019“ во хотелот „Александар палас“. Конференцијата стартува во 10 часот наутро.

Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“ можат да си го резервираат своето место на оваа престижна конференција.

Пријавувањето може да го направите на мејл-адресата event@colormedia.com.mk

Потребно е да го напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и во живо да ги слушнете приказните на овие познати дами и да размените искуства со нив.

Тоа можете да го направите најдоцна до 25 ноември. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти се ограничени.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics