• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Во четврток ревија на Mariguccha во МКЦ на тема кубизмот како деконструктивна форма во модата

Од stylist @StylistMKD · На декември 10, 2019

?????

Кубизмот е тема и на унисекс колекцијата за есен-зима 2019/20 на Mariguccha, брендот на дизајнерката Нела Тодоровска, која ќе биде прикажана на модна ревија во четврток, 12 декември, во МКЦ, со почеток во 20 часот

Кубизмот ни овозмножува од различни перспективи да имаме различна форма, посебно кога е во движење, а само со модата оваа уметност може да биде во движење и задоволството на набљудувачот да биде поголемо. Модата повеќе се создава за оној кој ја гледа, кој ја оценува, дава критика… Додека пак, конзумерот треба да ја чувствува и секогаш да има потреба од промена, зoшто таа самата секојдневно се менува во правец на утре… Таа диктира, но иновативноста ја прави издржлива и безвременска. Уште од 20-тите влијателноста на кубизмот во модата е практика, но се’ уште, ова кубистичко движење овозможува повеќе-слојни интерпретации кои одговараат на авангардниот современизам.

     “We will probably be judged not by the monuments we build, but by those we have destroyed.” da Louise Huxtable

„Почнувам од една минимална, чиста форма на кројка/конструкција која ја анализирам, подоцна ја деконструктивирам и повторно ја соединувам во  ансамбл на тридемензионалност. Целата колекција содржи основни форми кои произлегуваат од човечкото тело и се трансформираат во геометриски форми кои имаат функционалност и се прилагодени на истото. Формата ја следи функцијата, слободен пресек на волумен и судир на повеќе форми во една. Сликата од Пикасо, „Госпоѓиците од Авињон“ е еден пример за инспирација на оваа колекција, четири голи жени насликани една до друга, секоја во различна позиција од другата  и нивните тела насликани во делови. Кубизмот го спојувам со модата од 20-тите години, односно, машката мода носена од жена. Во тоа време жена да носи панталони и тоа како не било опшествено прифатливо, се сметало за невкусно и обратно од тоа што е нормално. Прво почнале со панталони до колена, кои личеле на подпанталона. Се сметале за многу пријатни и функционални, се изјаснувале дека се добри за јавање, планинарење, тенис  и играње голф, за подоцна да почнат да ги носат и оние жени кои не практикуваат спорт. Хелмут Њутон во една од неговите фотосесии прикажува фотографии во кои ја доловува машкоста во жената“, вели дизајнерката Нела Тодоровска.

“The right woman dressed and made up like a man looks far more chic than any man possibly could.” -Helmut Newton

„Тогаш и сега, облеката го идентификува човекот и неговата професија, психологијата се состои во модата како аксесоар на животен стил. Ненаситност и експериметирањето на модата доведува до една конфузност каде во денешно време е прифатливо машко да носи женска облека и обратно. Губење во граници и либералност на живот. Сега е времето во модата за кое што претходните генерации се обидувале да го сменат, а ние сега го живееме и е дел од нашето секојдневие.

Колекцијата содржи 20 целосни аутфити. Сите аутфити во колекцијата се двострани, носливи од лице и опачина. Имаат мултифункционалност и се носат на повеќе начини. Тие се носат од двата пола“, изјави дизајнерката.

После претставувањето во МКЦ Нела планира колекцијата да ја изложи и продава на шоурумови во Белград, Букурешт и други места надвор од Македонија, а веќе сум е дел од лондонската платформа NOT JUST A LABEL.

На ревијата колекцијата ќе биде дополнета со модни додатоци на брендот House of Jupiter на Дафина Џепароска.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics