Британската дизајнерка Мери Катранзу ќе креира костими за годишната ревија на популарниот бренд на долна облека „Викторија сикрет“, која што ќе се одржи во ноември годинава во Њујорк. Катранзу е позната по своите живописни и понекогаш надреалистични принтови. „Сè што созадава „Викторија сикрет“ е дизајнирано да ги направи жените посигурни и исто така да уживаат во тоа што го носат. Оваа соработка ќе биде смела, забавна и разиграна“, изјави Катранзу за ова непредвидливо модно спојување. Се очекува делот на Катранзу во колекцијата да биде со интензивни бои и со мноу шари, а ќе почне да се продава во декември годинава.
Нема коментари