Изложбата „Новиот бран“ на ТМФ дел од циклусот ИН витрини на Француски институт
По повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Франција и Македонија, Францускиот институт во Скопје, во соработка со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, ја организира изложбата Nouvelle Vague („Новиот бран“), која се отвора на 28 февруари, во 18 часот, во просториите на институтот во центарот на градот.
Отворањето на изложбата се случува во предвечерието на месец март, во знак на отворање на месецот на Франкофонијата.
Новиот бран е движење во француската кинематографија кон крајот на 50-тите и почетокот на 60-тите години, преку кое францускиот филм се отвори за еден поинаков, нов начин на снимање филмови, којшто и’ се спротистави на традицијата. Општествените промени и промената на начинот на живеење, желбата да се трансформира филмот и да се прекине со минатото се во средиштето на Новиот бран.
Студентите на катедрата за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет преку нивните креации ќе го прикажат нивниот поглед кон овој феномен. Тие работеа под раководство на Лидија Георгиева, реномирана дизајнерка и професорка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.
Три студентки, чијшто престој на Модната недела во Париз беше поддржан од Францускиот институт во Скопје, ќе ги споделат нивните искуства за време на овој престој.
Нема коментари