Во подготовка е четвртото продолжение на популарната филмска трилогија „Матрикс“, потврдено е дека Киану Ривс и Кери-Ен Мос се враќаат во улогите на Нео и Тринити. Првите три филма се дело на тандемот Лана и Лили Вачовски, четвртото продолжение ќе го режира Лана, која ќе биде и косценарист и продуцент.
Првиот „Матрикс“ е прикажан во 1999 година и заработи за тоа време фантастични 460 милиони долари, потоа следеа уште два дела, а целата франшиза постигна профит од 1.6 милијарди долари.
Вчера официјално беше најавено четвртото продолжение на популарната трилогија, а снимањето треба да почне во почетокот на следната година. „Матрикс“ нè заинтригира уште со првиот филм, кога главниот лик Нео откри дека целото човештво е заробено во виртуелна реалност.
Нема коментари