• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

Од stylist @StylistMKD · На март 9, 2026

??????????????????????????

Постојат настани што траат една вечер.
И постојат платформи што градат систем.
Триесет и две сезони подоцна, FashionWeekendSkopje повеќе не е само моден календар. Тој е архитектура и структура што ја обликува сцената, ги поврзува индустриите и создава културен континуитет.

Од 27 до 29 март 2026 година, 32-то издание на Fashion Weekend Skopje powered byUNIBankго позиционира Скопје како активен учесник во глобалниот моден разговор. Домаќин на оваа пролетна енергија е „Дајмонд мол“, современ урбан простор што ја рефлектира токму таа трансформација: отворен, флексибилен, европски.

Со поддршка на УНИБанка како генерален партнер, ова издание ја нагласува модата како економска и културна сила, индустрија што создава вредности, ја поттикнува дигиталната трансформација и ја нормализира одржливоста како дел од новата деловна етика.

Културен мост: од Пекинг до Скопје

Програмата започнува со презентација и ревијален приказ на три кинески модни и накит дизајнери, со поддршка на Амбасадата на Народна Република Кина во С. Македонија.

Публиката ќе искуси синтеза на традиционални и современи естетики, а дискусијата што ја следи ќе ја отвори темата за модата како дел од националниот идентитет, како материјализирана историја што се носи на телото.

Дигитална трансформација: 3D, AI и новата генерација

Во рамки на Erasmus+ иницијативата Green DigiFashTech Manager – двегодишен европски проект финансиран од Европската Унија и поддржан од Green Land Group, Македонското Модно Здружение и FWSK ја претставуваат изложбата „3D & AI во модата“. Изложбата и придружните дебати ги мапираат регионалните практики на пресекот помеѓу модата, 3D технологијата и вештачката интелигенција, со фокус на новата генерација дигитални креативци. Во програмата се вклучени дела и проекти на Никола Ефтимов, Ангела Доневска, Емилија Славкова, Александра Филипова и BlackBello, Цветанка Гаревска Јаневска, Lirka и BastetNoir.

Посебна димензија на проектот носи традиционалната соработка со Академијата за графички дизајн при Семос Едукација. Седумнаесет студенти и алумни, под менторство на Бојан Буџаровски и Ерина Богоева, развија повеќе од 33 креативни решенија за насловната тема на FWSK32, користејќи AI и дигитални алатки.Официјалната насловна визуелизација за оваа сезона е дело на Едита Зекировиќ. Сите дела ќе бидат претставени во рамки на курирана фото-изложба за време на FWSK32, како доказ дека иднината на визуелниот јазик е веќе присутна.

Нордиско-балтичката приказна: одржливоста како систем

Оваа сезона, FWSK го претставува и меѓународниот проект „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичката приказна“. Во март, нашата земја ќе биде домаќин на дизајнерска резиденција што ќе обедини десет дизајнери од нордиско-балтичкиот регион и С. Македонија. Заедничката визија е јасна: одржливоста не е тренд, туку долгорочна индустриска стратегија. Резиденцијата ќе резултира со капсулна колекција и уметнички објекти што ќе бидат претставени во рамки на Моден Викенд Скопје.

Проектот е организиран од Амбасадата на Шведска во С. Македонија, во партнерство со Канцеларијата на Амбасадата на Литванија, Амбасадите на Данска, Финска и Норвешка во Србија и Македонското модно здружение, со поддршка од Нордискиот совет на министри.

Овој модел на прекугранична соработка ја нагласува трансформативната моќ на заедничкото создавање во време на глобални индустриски предизвици.

Донаторски настан за поддршка за издавање на печатено издание на книга за мода на македонски јазик

Во рамките на своите проектни активности, Ротари клубот Скопје Центар го овозможи електронското издание на книгата “Облеката и модата, од историјата до денес” од Зорка Тодорова- Младеновиќ. Културата не се создава сама, таа се гради со визија и со луѓе што веруваат во неа. Посветена на приказната што досега не била раскажана – приказната за историскиот костим и модата во светот и во Македонија, нивниот развој, креативна енергија и културен белег, оваа книга ќе добие своја печатена форма и ќе стане дел од културното наследство за идните генерации, редок документ на македонски јазик и сведоштво за облекувањето низ вековите и денес.

Пистата како финална изјава

Ревијалната програма претставува внимателно курирана и балансирана селекција меѓу етаблираната модна сцена и новата генерација дизајнери: Роберт Ивановски со колекција “Origo”, поддржана од Душа Винарија; Terziya со „Вртлог“, поддржана од ZIA Jewelry и Душа Винарија; студентската ревија на Европскиот универзитет; GEORGIYA со „Season IV“; студентската ревија од насоката за моден дизајн на Факултетот за уметност и дизајн при Меѓународниот Балкански Универзитет; Марија Станојовска со „Dissonance“; Маригона Рахмани со „Marah Garden“; како и Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, претставен преку студентите Рејхана Винца, Мирадије Селими и Дорунтина Каштанјева. Кулминацијата на програмата ја носи ревијата на Олгица Ѓоргиева.

Ова нема да се само низа ревии. Ова е пресек на современата македонска модна сцена, нејзините гласови, нејзините експерименти и нејзината зрелост. Триесет и две сезони подоцна, Моден Викенд Скопје покажува дека модата може да биде инфраструктура: место каде културата, технологијата, дипломатијата и економијата се среќаваат. Модата не е површина. Таа е конструкција. И оваа пролет, таа повторно се гради – пред нашите очи.

Партнери и поддржувачи
Генерален партнер: УНИБанка – поддржувач на визијата за мода што го надминува гламурот и го рефлектира пулсот на заедницата.
Главна локација: „Дајмонд мол“, (Area Space, 2ри кат) – модна лабораторија каде се спојуваат традицијата и иднината.

Партнери:
Официјален Партнер за Конекции – Wolt. Модата пристигнува. Со Wolt.
Perwoll – повеќе од 60 години грижа за ткаенините: „Исто како ново! За три пати подолг век на вашата облека – Первол Renew.”
Pierre Cardin во соработка со СУГС „Димитар Влахов“ – официјален партнер за шминка.
Проектни партнери: Green Land Group, Gemak, Neonflex.mk, TRN.mk, Caffe Musetti, Пелистерка, Венеција мебел Прилеп, Аманти паста

(ПР објава)

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics