Дизајнерот Давид Ристевски, на јавноста познат како Dreadpen, најавува промоција на новата зимска колекција на 22 ноември, четврток, во кафе бар „Излет“ со почеток од 17 часот. Колекцијата насловена како Los Delincuentes ги спојува едноставноста и уличниот комодитет, зачинети со добро познатите илустрации и креации на Dreadpen.
На промоцијата ќе бидат претставени нови дизајни на дуксери, кошули со внимателно избрани кроеви, зимски капи, како и куп нови дизајни на стикери. Dreadpen најавува долгочасовно уживање во неговите нови дизајни, со сите драги луѓе, пријатели, соработници, познаници и останати. Dj Drama од „Зад Аголот“ и Dj Drazi Drags ќе бидат позади грамофоните да го надополнат вашето уживање.
За својата колекција која повторно го изразува единствениот и автентичен стил на Dreapen, тој ќе каже: „Инспирацијата од друг простор и време доаѓа во микс од внимателно избрани материјали кои носат потполно уживање. Едноставно, сакам да уживаат сите кои секојдневно ќе ги носат моите дизајни, исто како што и јас си уживам во нив.“
Фотосесијата за оваа колекција Dreadpen повторно ја довери на својот проверен тим: Елена Фиданска зад објективот, Марина Никушева, Јана Атанасова и Анастазија Николовска како модели.
Нема коментари