• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Маја Кикириткова ја отвора втората сезона на Скопски Моден Фестивал, Елена Лука го затвора настанот

Од stylist @StylistMKD · На ноември 10, 2022

SKFF - POSTER

Под слоганот „Can you feel the light?“, денес и официјално ќе биде означен почетокот на втората сезона на Скопски Моден Фестивал, најпрво со три ревиски вечери на 10, 11 и 12 ноември, а потоа и со еднонеделен изложбен салон од 13 до 20 ноември во трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Честа да го отвори второто издание на настанот ѝ припадна на колекцијата „Ти можеш, ти си силна“ од познатиот македонски бренд „Eleazar“ на дизајнерката Маја Кикириткова. Инспирирана е од жената во својата најдлабока форма на самоувереност и самостојност, со креациии што истовремено издишуваат жена без предрасуди и жена која знае што сака.

Kaко второ модно изненадување следува автентично-уметничкиот приказ „Гоблен“, со потпис на дизајнерот Етник Шала, екстравагантниот гостин од Косово што за прват ѝ се претставува на македонската публика. Колекцијата, за која присутните ќе имаат единствена шанса да ја проследат на сцената на фестивалот, го носи името на традиционалниот украс што тој го навезува на уникатни модели со посебен колорит.

Завршетокот на првиот ден ќе донесе нови идеи од нови дизајнери кои доаѓаат од Академијата за моден дизајн при Скала – школата за дизајн, уметност и технологија. Под менторство на професорите Александар Ношпал и Никола Булески – Буле, петте млади и надежни имиња: Марија Трајковска, Ангела Спасовска, Луна Аврамовска, Милица Димитријевиќ и Ива Ивановска, со своите креации ќе нѐ прошетаат во ерата на 70-тите, либералистичкото движење, панкерските ноти и убавината на жената – вечниот неисцрплив извор на инспирација.

Во петок (12.11) ревијалната програма ќе стартува со првата самостојна ревија на Мелани Дигит пред скопската публика. По учествата на престижни настани во странство, нејзините креации најпосле ќе дебитираат на фестивалот и во нашата метропола. Брендот промовира одржлива мода со апциклична облека. Колекцијата со назив „Фигура“ ќе ни претстави машки и женски модели, кои се нова стилска интерпретација на старите капути, бунди, мантили, јакни и палта.

Веднаш по неа, на ред е ревијата на една од најавтентичните домашни дизајнерки – Сара Реџиќ, која ќе ја презентира најновата колекција со назив „ЈЕСЕНИЈА“. Таа доаѓа како резултат на сѐ она што брендот со години го промовира – романтична и оддржлива приказна, преку триесет комбинации искроени со љубов.

За раскош и блесок на подиумот ќе се погрижи модното ателје Kraljevski, со премиерен приказ на колекцијата наречена „Нема граници“. Инспирирана е од главната идеологија на брендот дека во модата не постојат граници. Креациите оддаваат силен израз на безкомпромисни дезени и принтови инспирирани од различните стилови на клиентите на брендот.

Моќта на машката мода ја вдахнува брендот на етаблираниот дизајнер Роберт Ивановски, кој на крајот од втората фестивалска вечер ќе промовира линија на ленени машки креации во црна, кралско сина и зелена боја. Чувството на комфор и стилизирана комбинираност е суштински елемент во колекцијата именувана „X|“.

Третата ревиска вечер, во сабота (12.11), спектакуларно ќе ја отвори сценското шоу на брендот HERLINE, со колекција содржана од женствена спортска облека и елегантни костими за капење „Revelation“ ќе ѝ донесе поинакво откритие на публиката, редефинирајќи ја визијата за квалитетни и удобни модели со нивните препознатливи заштитни лица.

„LIBERTY“, пак, е симболичниот назив на колекцијата со уникатни изгледи на Стефанија Насеска. Нејзиниот бренд повеќе од една деценија се стреми кон рушење на стереотипите и ги поместува границите во модниот свет. Општествените случувања на глобално ниво, проткаени со непрекинат поглед кон убавото, претставуваат новото лице на популарната дизајнерката што присутните ќе го видат на втората саботна ревија.

Нотите на грациозност и самодоверба се дел од новата колекција на македонскиот бренд La maison Cece T. Дебитантската ревија на фестивалот ќе ја има со колекцијата именувана „Metamorfosis“, а преку изведбата ќе ја маркира елеганцијата во допир со женската фигура.

Крунисувањето на ревиските вечери ќе ѝ припадне на престижната модна куќа Елена Лука со колекцијата за пролет и лето „Satin dream“, која ексклузно ќе биде обзнаена на фестивалот. Креативниот имплус вткаен во креациите е поттикнат од божиците и нимфите од грчката и римската уметност. Во деликатната изработка користени се памучен сатен, префинета органза и свилен жоржет, а во колоритот доминанта е палетата од земјени, златни и бакарни нијанси.

Во недела, на 13 ноември, вниманието ќе се пресели во изложбениот салон, на првиот кат од трговскиот центар Скопје Сити Мол. На едно место ќе може сите заинтересирани да ги погледнат и нарачаат оригиналните креации на учесниците на втората сезона. Свеченото отварање е од 13:00 часот со дегустација на вино и богата музичка програма на менито.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics