• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Најавена темата на Мет Гала 2020

Од stylist @StylistMKD · На ноември 8, 2019

met gala

Најавена е темата на големата модна изложба во Институтот за костуми при музејот Метрополитен – соодветна и за големата Мет Гала

Традиционалната Мет Гала, што се одржува во првиот понеделник во мај секоја година и честопати се опишува како „Оскари на модата“, како вовед на отворањето на големата модна изложба во Метрополитен музејот во Њујорк. Секоја година изложбата е на одредена тема, а гостите на Мет Гала се охрабруваат да се облекуваат според темата. А темата на следната изложба еше вчера објавена – About Time: Fashion and Duration („За времето: Мода и времетраење“).

????????????

Тилда Тсинтон во сцена на филмот „Оралндо“ (1992)

На изложбата ќе бидат поставени преку 150 модни креации кои покриваат еден и пол век модна историја, и според кураторот Ендрју Болтон, поставката ќе биде „преиспитување на историјата на модата – фрагментирано, наизменично, хетерогено“. Болтон вели дека инспирација за темата е филмот „Орландо“ (1992) на Сали Потер, работен споре роман на Вирџинија Вулф, особено го поттикнала една сцена: „Тилда Свинртон облечена во фустан од 18-от век во француски стил, влегува во градината лавиринт, и како што поминува низ неа, нејзината облека се заменува со фустан од средината на 19-от век, и Тилда одеднаш се наоѓа во Велика Британија во 50-тите од 19-от век. Тоа е потеклото на првичната идеја“.

sara moon the clock 1990

The Clock (Часовникот), фотографија на Сара Мун од 1990 година

Освен Вирџинија Вулф, инспирација за изложбата е и философот Анри Бергсон и неговиот концепт за la durée („времето што тече, се акумулира и е неделиво“), а на поставката ќе се открие како облеката може да ги поврзе минатото, сегашноста и иднината.

„Модата е неизбришливо поврзана со времето. Таа не само што го рефлектира и претставува духот на времето, туку и се менува и се развива со времето, служејќи како особено чувствителен и точен часовник. Преку низа хронологии, изложбата ќе го користи концептот на времетраење за да ги анализира временските пресврти на модата“, смета Болтон, кустос надлежен за Институтот за костими.

Изложбата се отвора на 7 мај 2020, а Мет Гала ќе се одржи во понеделник, на 4 мај 2020 година. Копретседавачи на големиот настан ќе бидат Николас Гескиер, Лин-Мануел Миранда, Ема Стоун, Мерил Стрип и Ана Винтур, со поддршка од модната куќа „Луј Витон“.

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Met GalaМет ГалаМет Гала 2020Метрополитенмодна изложба
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 karolina markov моден монитор

    Каролина Гочева маркантна во модел на Марков на концертот за 35 години независност

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • aero

    Започнува AERO Street Food Festival – урбаниот фестивал за улична храна и музика

    септември 3, 2026
  • 1 karolina markov

    Каролина Гочева маркантна во модел на Марков на концертот за 35 години независност

    септември 2, 2026
  • Svetska premiera Dobri luge

    Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал

    август 17, 2026
  • le brand kreacija

    Заеднички авторски проект на Ателје Креација и Le Brand Studio: Македонската традиција доби современ моден израз

    јули 16, 2026
  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • aero

    Започнува AERO Street Food Festival – урбаниот фестивал за улична храна и музика

    септември 3, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025

Култура

  • Svetska premiera Dobri luge

    Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал

    август 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics