Двете војвотки од британското кралско семејство и носталгичното навраќање на модата од 80-тите, 90-тите, гранџ-ерата и почетокот на 21-от век, се најпребаруваните модни термини на Google за изминатава година. Меган Маркл и Кејт Мидлтон, односно војвотките од Сасекс и Кембриџ, привлеклуваа внимание со своите модни стајлинзи и на Google се пребаруваа модните парчиња што ги носеа годинава на разни настани. Исто така луѓето се инстересираа за модните стилови што ги одележаа минатите декади, а сега се повторно актуелни. Се издвои интересот за машка мода, а хипстерскиот стил сè уште е интересен.
Еве ја листата на најбараните термини од модата во 2018 година:
1.80-ти години
2.Гранџ
3.Модата од 90-те
4.Раните 2000-ти
5.Меган Маркл
6.Машка мода
7.Харајуку мода
8.Хипстер мода
9.Кејт Мидлтон
Нема коментари