Тејлор Свифт, Амал Клуни и FKA Twigs се најдоа на новата листа на најдобро облечени на престижното списание Vanity Fair, заедно со балерината Мисти Коупланд, Ријана, Шарлот Казираги и Саманта Камерон, сопругата на британскиот премиер која го освои првото место во категоријата на жени. Кај мажите најдобро облечен е актерот Бил Наи, потоа следат наследникот Ставрос Ниархос III и уметникот Ике Уде. Списанието направи и листа на холивудски ѕвезди (Алисија Викандер, Еди Редмејн, Ема Стоун, Мајкл Фасбендер), а за најстајлиш двојка ги прогласи Бенедикт Камбербач и неговата сопруга Софи Хантер. На листата се најдоа и Џена Лајонс, дизајнерите Зак Посен и Азедин Алаја, Шарлиз Терон, Бикторија Бекам, Лорен Санто Доминго, личности од шоубизнисот, модата, уметноста, членови на кралски семејства и аристократи. Титулата Hall of Fame ѝ е доделена на катарската шеика Мозах бинт Насер Ал-Миснед.
Нема коментари