Брендот Diesel во соработка со познатата манекенка Наоми Кембел подготви капсулна колекција од хуманитарен карактер, со цел да ја поддржат фондацијата Fashion for Relief, чиј основач и гласноговорник е токму Наоми. Колекцијата е наречена Child at Heart и се состои од маици со кратки ракави и дуксери со качулка на кои се отпечатени детски цртежи на срциња и бубамари. Цртежите се дело на деца кои одат во градинката која е дел од главните канцеларии на Diesel во Италија. Направена е и рекламна кампања во која покрај Наоми се појавуваат манекенката Барбара Палвин, Кенија Кински Џонс (ќерката на Настасја Кински и Квинси Џонс), Арон де Ниро (син на Роберт де Ниро), потоа Vine ѕвездата Нилс Васер, и други модели. Средствата од продажбата преку Fashion for Relief, во која е вклучен и сопственикот на брендот Diesel, Ренцо Росо, ќе бидат наменети за децата бегалци.
Нема коментари