Долгата залижана коса со патец на средина стана препознатлива за супермоделот Наоми Кембел, но таа сега има сосема нова фризура. Наоми вчера се појави во Париз на ревијата за машката колекција на „Луј Витон“ и изгледаше скоро непрепознатливо со новата фризура – кратка, виткана и со осветлени прамени во боја на карамела. Познато е дека манекенката носи перики, бидејќи нејзината природна коса е прилично уништена, па веројатно и овој изглед е резулат на перика. Во секој случај, изгледа одлично, а и стајлингот и е успешен.
Нема коментари