Со овие зборови супермделката Наоми Кембел е најавена на насловната страница на ноемврискиот број на Vogue на која позира во бела креација на Диор. Во долгиот разговор списанието го слави ефектот што 50-годишната манекенка го оставила во модата, а таа искрено зборува на повеќе теми, меѓудругото и за расизмот во американските и британските медиуми. Таа вели дека секогаш се залагала за повеќе диверзитет и еднаквост во модната индустрија, но открива дека порано го користела терминот „територијалност“ наместо „расизам“, бидејќа не сакала луѓето да мислат дека го користи расизмот како изговор. Сега сфаќа дека нејзиното однесување не се однесува само на неа лично, признава дека ѝ било кажано дека некои работи што ги правела во младоста биле „лоши за нејзината раса“, но сега повеќе размислува за својата култура и раса кога донесува одлуки.
Во овој број на Vogue Наоми позира во креации на Alaïa, Maison Margiela, Prada, Burberry, Valentino, а во фотосесијата учествуваат и други модели, со што се нагласува нејзината улога на ментор на новите манекенски лица.
Нема коментари