Манекенката Наоми Кембел сериозно ја сфаќа заштитата од вируси додека патува. После нејзинито видео како се заштитува додека лета со авион објавено во јули минатата година, Наоми во времето на ширење на коронавирусот оди подалеку во заштитата – таа беше фотографирана на аеродромот во Лос Анџелес во специјален скафандер кој заштитува од опасни супстанци (hazmat suit), медицински ракавици и маска. Таа објави неколку фотографии на своите социјални мрежи со пораката „Безбедноста на прво место, напредно ниво“, а најави и ново видео посветено на оваа тема. Можеби изгледа како доктор во центарот на вирусот или санитарен инспектор, ама таа постојано нагласува дека најдобро се чувствува кога е заштитена.
Safety First NEXT LEVEL. Full video coming on my YouTube soon… https://t.co/SvAI1Ttmm8 pic.twitter.com/XcgHJKEhcf
— Naomi Campbell (@NaomiCampbell) March 11, 2020
ИСТО ТАКА ПРОЧИТАЈТЕ: Време е да ја реоткриеме рутината за дезинфекција во авиони на Наоми Кембел
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари