Супермоделот Наоми Кембел изведува песна од Wham! во новата новата кампања на H&M снимена во Токио. Приказната во видеото, која наликува на култниот филм на Софија Копола, Lost in Translation, почнува со караоке бар, а продолжува со снимка на која 47-годишната битанска манекенка ја изведува нумерата Wham Rap која Џорџ Мајкл ја издаде во 1983 година. Сето ова изгледа доста познато, ако се земе предвид дека Кембел гостуваше во познатиот спот на Мајкл за песната “Freedom”,каде што исто така пее (на плејбек).
Кампањата, како и моделите се во стилот на 80-тите. Деновиве е преставена и фотосесија во чија позадина е Токио навечер. Креациите ги носат неколку , во моментов доста актуелни манекенки: Антонина Петковиќ, Адвоа Абоа, Камил Роуи, Чихари Окунуги и Девон Виндсор.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари