Мартовските броеви на модните списанија ја најавуваат следната пролетна сезона, и заедно со септемвриските се сметаат за важни и одлчувучки во трасирањето на трендовите за следните месеци. Иако февруари уште не почнал, престижните магазини почнаа да ги најавуваат мартовските насловни, еве ја онаа на британското издание на Vogue.
Уредникот Едвард Енинфул за мартовскиот број на Vogue UK ја избра супермоделката Наоми Кембел, воедно негова пријателка и надворешна соработничка на списанието. Насловната ја потпишува познатиот фотограф Стивен Мајзел.
Нема коментари