Кога почнувам да правам нешто, доаѓа момент кога тоа што го правам добива свој карактер, односно прави сопствен избор. Тоа е процесот кој ме интересира и ме води напред. Ми се допаѓа чувството на губење контрола, односно сознанието дека не сум единствениот кој прави нешто.
Мојата главна цел е да создадам нешто што ќе има живот и ќе раскажува приказни. Сакам моите парфеми да постојат сами за себе. Не да бидат робови само на значењeто кое јас сум го дал.
-THE NOSE
Nasomatto Blamage
Очекувањата кои ги имаме во животот, често пати знаат да нè остават разочарани. Blamage е за неуспехот во животот. Грешките кои ги правиме се врата кон напредокот и успехот. Мирисот нè потсетува на тоа дека не треба да се предадеме, туку да продолжиме напред. Неуспехот е главен фактор во креирање на успешно маестрално дело. Капачето на парфемот одговара на карактерот – токму затоа е направено од лешниково дрво.
Мирисот го прифаќа неуспехот преминувајќи на жолта обвивка. Неочекувана грешка која отвора врата кон разбирање на недоразбирањата.
Додека мирисот и капачето остануваат исти, Blamage оди понатаму со совршено погрешна жолта боја на пакувањето. Како од ведро небо, снемува сино.
Нема коментари