Натали Портман ја глуми поранешната прва дама на САД Џеки Кенеди Оназис во новиот биогарфски филм и според трејлерот и првите критики се очекува американската актерка да влезе во трката за Оскар. Новиот филм „Џеки“ не се осврнува на гламурозниот дел од животот на Џеки и на нејзините најславни модни моменти кои и’ ја донесоа титулата на најубаво облечена американска прва дама на сите времиња, туку на оние помрачните и потешките. „Луѓето сакаат да веруваат во бајка“ вели Натали Портман во почетната сцена на „Џеки“, филм кој веќе беше прикажан на фестивалите во Венеција и во Торонто, а наскоро се очекува и премиера во кината.
„Џеки“ претставува интимен портрет на еден од најтрагичните моменти во американската историја, виден низ очите на иконската прв дама која во филмот нè става во нејзиниот свет во деновите веднаш по атентатот на нејзиниот сопруг Џон Кенеди. Позната по своето исклучително достоинство и спокојство, во филмот го гледаме психолошкиот портрет на првата дама додека се бори да го задржи наследството на нејзиниот сопруг и светот на американскиот „Камелот”.
Нема коментари