Супермоделот Наталија Водјнова вчера на московскиот стадион „Лужники“ во родната Русија им го предаде златниот трофеј на новите светски фудбалски прваци Франција, облечена во златна креација на модната куќа „Луј Витон“. Мини фустанот е од есенската колекција на брендот, а Наталија стајлингот го дополни со накит од Chopard. По повод Светското фудбалско првенство во Русија „Луј Витон“ претстави колекција на чанти, торби и други модни додатоци инспирирани од фудбалот, а го подготви и специјалниот куфер за златниот трофеј на шампионатот.
Нема коментари