Новата колекција H&M Conscious Exclusive прави чекор напред во одржливоста и стилот претставувајќи нов, пионерски одржлив материјал BIONIC® – рециклиран полиестер направен од пластичен отпад собран во крајбрежните области. Флуидниот материјал употребен e за да се креира овој розов плисиран фустан со набори што го промовира супермоделот Наталија Водјанова во кампањата на шведскиот бренд H&M.
Новата колекција на еко-колекцијата на брендот, која првпат вклучува и детска облека, ќе почне да се продава од 20 февруари. Ќе биде претставен и парфем од органски масла. Сите стилови се направени од одржливи материјали и H&M повторно нè потсетува дека дека треба да ја почитуваме природната средина.
-Горда сум што сум дел од H&M Conscious Exclusive кампањата. Неверојатно е да се види предноста на материјалите што се користат во колекцијата, кои укажуваат на поголема одржливост во иднина на целокупната мода – вели манекенката Водјанова.
Во колекцијата е претставен новиот материјал BIONIC® и ќе содржи убави парчиња создадени од отпад. H&M е еден од најголемите корисници на органски памук и на рециклиран полиестер, а од брендот се обидуваат во целата понуда да внесуваат поголем процент на одржливи материјали во своите производи. Брендот е посветен да понуди одржлива и квалитетна мода достапна за поголем број купувачи, и сугерира дека освен што треба да изгледате добро во нвната облека, треба и да се чувствувате добро додека ја носите.
Нема коментари