• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

НЕНАД СЕКИРАРСКИ: Таму сум каде што сакав да бидам

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На декември 23, 2013

Несомнено е дека 2013 е година за паметење за Ненад Секирарски. Бројка која го означува неговиот 20-годишен јубилеј како моден дизајнер. Солидна и респектибилна бројка која зборува за упорноста, желбата посветеноста и љубовта кон работата која се чини дека е поверојатно дека таа го одбира од колку тој неа. Една приказна по малку необична, која звучи како судбинска.

-Љубовта кон модата и естетиката постоеше од секогаш, мислам дека е тоа нешто со што човек се раѓа. Кон крајот на 80-тите години,  кога јас требаше да ја изберам мојата професија некако го питиснав во себе дизајнот како професија бидејќи во моето опкружување не знаев некој што се занимава со тоа и се одлучив да студирам молекуларна биологија. Но по заминувањето во Белград на студии и согледувањето на животот малку пошироко се пријавив на конкурс за соработници на агенцијата Клик која тогаш беше во основање и по првата ревија решив-продолжувам во животот како дизајнер- вели тој.

 

>Бележите јубилеј од 20. години работа на македонската модна сцена. Дали сте задоволни? Си имавте ли на почетокот поставени цели и дали ги остваривте во овој солиден период?

-Иако како и во секоја професија првите 10 години се најтешки, јас ги поминав со многу упорност, конструктивен инает и верба во себе дека патот по кој чекорам е тој вистинскиот и дека ме води кон мојата цел. Денес можам да казам дека сум таму каде што сакав да бидам, задоволен и успешен со тоа што го работам, Имам изграден препознатлив стил, свој бренд и ателје, клиенти кои го ценат и почитуваат тоа што го работам.

>> Дeнес сте етаблирано име. По 20 години го знаете ли рецептот за успех и опстанок на модната сцена, пред сè македонска? Предност или хендикеп да се работи во Македонија?

-По пет години работа во Белград решив дека ќе се вратам во Скопје и дека ќе продолжам тука да работам. Никогаш не зажалив за оваа одлука бидејќи и денес се уште чувствувам себе си да се декларирам како дизајнер од Македонија. Почетоците не беа лесни, во монгу работи тогаш моравме со трпение да ги објаснуваме и дефинираме за да го доживееме вистинскиот третман и професионална почит. Од оваа гледна точка можам да кажам дека бевме успешни во тоа заедно со големата подршка од медиумите, луѓето од јавниот живот и сите љубители на модата.

>> Ве препознаваат по естетика која подразбира елеганција, која е тогаш жената на која ѝ се обраќате. Која Ве инспирира?

-Секогаш во мојата работа ја имам сликата на жената која во е јака, свесна за своите вредности и во битниот момент е спремна да застане и истапи, да блесне и да ја покаже целата своја женственост и убавина дури на момент и откривајќи ја својата кревкост.

>> Кои се нештата кои Ве инспирираат?

-Сè она што ме опкружува, сите случувања од областа на уметноста, сликарството, скулптурата, филмот се вечни поттикнувачи во мојата работа и целиот тој процес е преплет на се она што во моментот на созадавањето ме интересира и ми се случува. Тоа е причината што често ми е помалку тешко да ги опишам моите инспирации во кратко објаснување.

1488568_10152057866399481_786972955_n

>> Дел стe од, условно кажано, првата генерација на именувани макeдонски модни дизајнери, оние кои всушност ја поставија нашата модна сцена. Дали беше потешко да се почне тогаш, во време на недефинирани правила на игра, во една по малку матна атмосфера, кога сè можеше да се провлече под името дизајнер, или денес, кога работите барем така се чини се појасни. Ви беше ли Вам полесно?

-Јас сакам ред, мир и правила, сакам строго дефинирани норми па затоа мене ми беше тешко да се изборувам со многу предрасуди, изградени стереотипи, некогаш преголеми нереални очекувања. Со текот на времето и работата со моите колеги-креатори успеавме да изградиме вистински имиџ за дизајнерот во Македонија и кој и како треба да ја работи работата. Мислам дека новата генерација дизајнери кои сега работат колку и да им изгледа тешко сепак влегоа на подготвен терен каде професијата моден дизајнер се доживува со пиетет.

>> Kaкo ги прифаќате критиките, и воопшто што мислите за модната критика кај нас?

-Секогаш сум подготвен да сослушам добро издржана критика бидејќи тоа ќе ме натера да размислувам и можеби да ги согледам работите на вистински начин. Со огледот на големината на модната сцена во Македонија бројот на оние кои ја следат модата и се спремни да дадат осврт или критика на колекцијата е реален. Но мислам дека критиката во принцип не влијае премногу во успешноста на колекцијата на пазарот бидејќи клиентот е тој кој на крајот ќе одлучи што и каде ќе купи.

>> Се чини дека постои мит за недостижноста и елитноста на дизајнерската облека кај нас. Дали е така?

- За овој мит донекаде вината е и кај нас дизајнерите кога со обид да изработиме некогаш несто ексклузивно и единствено оддаваме слика дека секоја наша работа е таква а со тоа и скапа. Но тоа не е така и јас се обидувам да објаснам дека финалната цена зависи од изборот на материјал, времето потребно да се изработи креацијата и дека се е прашање на договор за да може да ги задоволам и потребите и буџетот. Разликата во пазарите(Белград, Скопје, Дубаи, САД). Разликите се големи и не може да се спореди ниту еден од овие пазари. Секој има свои специфики и барања и ретко истиот дизајн се бара подеднакво на сите пазари. Она што го сакаат во Белград не е исто што го сакаат во САД, а тоа што клиентите во Скопје го нарачуваат на друго место се бара помалку. Но успешната работа на дизајнерот е токму во тоа идејата да ја раскаже на начин разбирлив и нослив во различни средини и околности.

јубилејБелградколекцијамакедонски дизајнеримодна сценаНенад СекирарскиСкопје
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • hm

    H&M најавува соработка со познатата дизајнерка и пионерка за одржливост Стела Мекартни

    декември 4, 2025
  • mytime nikola ristanovski

    MY:TIME ја лансира кампањата „Моменти за нас“ во која Никола Ристановски испраќа моќна порака

    ноември 20, 2025
  • 1stefanija

    Модна колекција „Вечност“ на Стефанија Насеска инспирирана од златните маски од Требеништа

    ноември 13, 2025
  • Фестивал на чај

    Од 14 ноември „Фестивал на чај“ под слоганот „Вкуси ја хармонијата на билките“ во Скопје сити мол

    ноември 12, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025

Култура

  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025
  • 2V7A7475

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

    јули 22, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics