Брендот Replay во својата пролетна колекција понуди доста модни парчиња со војнички стил, една комбинација ни го привлече вниманието и нè потсети колку неодолив може да биде миксот на милтаристички и женствен стил – цветен фустан врз кој е облечена војничка бомбер јакна и сандали со високи потпетици. Војничките парка-јакни и бомбер моделите се тенденција оваа сезона, и многу добро се согласуваат со цветните дезени. Строгоста на унироформираниот милитаристички стил се спојува со лелелеавиот, романтичен и женствен изглед содавајќи добитна пролетна лежерна комбинација.
Еве како да ги комбинирате – изберете цветен фустан од лесна ткаенина и носете ја со војничка јакна или кошула во маслинесто зелена боја и која може да бидат со класичен изглед или украсени со светкави детали и апликации. Иако навидум изгледа комплицирано и невообичаено за комбинирање, сепак дозволена е голема слобода, бидејќи може да одберете фустани во сите должини и јакни со секаков крој и потоа да ги комбинирате со широка палета на модни додатоци. Наместо фустан може да одберете цветно здолниште, а истиот ефект ќе го постигнете и со комбинезон.
Нема коментари