Британката Алекса Чанг, водителка, it-девојка и дизајнерка, се здружи со Тен Франс, познат од емисијата Queer Eye, во новиот телевизиски проект кој се емитува на Netflix наречен Next in Fashion („Следен во модата“). Станува збор за моден натпревар, слично како „Проект писта“, во кој 18 дизајнерски таленти од целиот свет ќе се борат за наградата од 250.000 долари за старување на сопствен бренд во соработка со Net-a-Porte (победничките модни парчиња ќе се продаваат на оваа позна онлајн-продавница). Модната емисија почна да се емитува на 29 јануари, Алекса и Тен ќе ги водат натпреварувачите низ различни модни предизвици и задачи, а во жирито се најавени познати модни имиња како Томи Хилфигер, Ева Чен, Моник Лулие, Адријана Лима и други.
Досега сме гледале емсии од овој формат кога пријавените се натпреваруваат од епизода во епизода и креираат облека на одредена тема, следете што ново ќе донесе Нетфликсовата емисија „Следен во модата“.
Нема коментари