Оваа есен брендот Nike ќе ја претстави својата прва линија наменета за трудници. Именувана Nike (M), станува збор за облека што ги задоволува спортските потреби на жената во сите фази, на бременоста, но и во периодот после породување – маици, хеланки и дуксери кои се шират и прилагодуваат на телото на трудницата и овозможуваат раст на стомакот, како и градници за доење.
Колекцијата е фокусирана на фазата во животот на жената во која нејзиното тело претрпува најмголеми трансформации. Од компанијата велат дека линијата Nike (M) е развиена да го слави женскиот облик, а не да го сокрива, прикрива или игнорира.
Во креирањето на овие парчиња Nike ги вклучи своите истражувачки лаборатории за спортска наука, направи анализа на повеќе од 150.000 скенирања на женското тело ширум светот и спроведе студија на 30 трудници и спортистки после породување. Тестира околу 70 материјали за да констатира како реагираат на растегнување и впивање на потта, за да на крај ја создаде Nike (M), спортска облека мека на допир и прилагодлива на различните фази на трансформирање на женската силуета.
Нема коментари