Модната дизајнерка Нела Тодоровска која што ја потпишува етикетата Mariguccha во четврто, 14 мај, со почеток во 20 часот, во Мобилна/Монтажна галерија сместена во Паркот на Франкофонијата во Скопје, ќе одржи изложба во форма ма мултимедијален проект под наслов „Моден триптих: Св. Вера, Св. Неда и Св. Љуба“. Поточно дизајнерката ќе претстави инсталација на три костими како Св.Вера,Св.Нада и Св.Љуба, потоа фотографии од колекцијата „Моден триптих“, парчиња облека реинтерпретирани од трите духа-инсталации и арт-видео во кое се прикажани трите духа во форма на човечки ликови, како играат безгрижно македонски забавни игри за деца, облечени во креации од колекцијата „Моден триптих“ на Mariguccha.
Нема коментари