Во саботата скопскиот хотел Русија беше домаќин на претставувањето на номинираните хотели и спа центри кои влегоа во трка за Балканските спа награди (Balkan Spa Awards). Во изборот за најдобрите спа локации учествуваат објекти од Македонија, Турција, Романија, Грција, Србија, Бугарија, Косово, и Албанија. Од нашата земја се натпреваруваат десет објекти што ги нудат овие услуги, Хотел Русија, Стоун Бриџ, Дебарски бањи, Катлановска бања, Спа центар Блус, Силуете, Аурора, Александар Вила, Тренд лајн и Пирин.
Изборот на најуспешните се врши во категориите: спа дестинација, спа хотел – зимен/летен ресорт, спа центар, спа изградба и опрема, медикал спа, спа менаџер, спа продукт и спа инвестиција. Изборот е во организација на Меѓународната организација Spa Nominations.

Директорката на Хотел Русија Виилета Анѓелковска со претстедателот на Спа номинациите, Николај Диковски
-Спа наградите и воопшто влегувањето во самата листа со номинации е исклучително значајно за овие центри, затоа што тие веќе се влистени во нашата мрежа и со тоа по автоматизам добиваат меѓународна афирмација, популаризација и отворање на многу дополнителни можности за зголемување на стандардите и доведување до степен на виртуозност на ова хедонистичко искуство, што во извесни земји веќе стана потреба, па дури и лек. Всушност тоа и е целта на нашата организација и оваа иницијатива – изјави Николај Диковски, претседател на Спа номинации.
На настанот беа преставени сите номинирани објекти од осумте балкански држави од кои ќе бидат избрани финалните номинации за добитници на наградите. Изборот кој ќе се одржи во септември, повторно во Скопје го врши меѓународно жири составено од експерти од осумте балкански држави, а претседател е д-р Силвија Паскалева. Balkan Spa Awards е патентирана марка која има за цел да ги зајакнува капацитетите на спа индустријата од Балканскиот регион, вмрежување на инвеститорите, подигање на капацитетите на професионалните структури во секторот и да го унапредува и промовира разбирањето на културата за користење на спа услуги од корисниците.
Нема коментари