Памучна капуљача со чевли со високи потпетици и елегантен капут?! Парчето облека што најчесто се врзува со спортски и полежерен стил, сега е дел од луксузната мода. Не само што ѕвездите на уличната мода и влијателните во модата дуксерите ги носат во елегантни комбинации и мешаат со висока мода, туку и повеќето дизајнерски куќи ги вметнуват во своите колекции. Погледнете неколку креативни начини со кои модните познавачи ова спортско парче облека го доближаа до високата мода – преку комбинации со здолништа, луксузни бунди, „Баленсијага“ хеланки, деловни костими, високи потпетици и дизајнерски чанти.
Нема коментари