Со доаѓањето на топлите денови ги отфрламе јакните и почнуваме интензивно да ги носиме сакоата. Вообичаено асоцираат на деловна облека, но сакоата одамна изглегоа од канцелариите и се наметнаа во уличната мода. Последниве години станаа трендовско парче облека кое што може да се комбинира со сè и да се носи во секаква прилика. Преовладуваат предизмензионирани сакоа, карирани шари, кроеви со нагласени раменици, а за пролет предлагаме беж и драп верзии.
Сакото одлично се комбинира со фармерки или панталони со тесен крој, но ако го следите стилот на ѕвездите на уличната мода, може да се носи врз свилен фустан, со широки панталони со должина над глужд, миди здолништа и со ролки. Овие фотографии се направени месецов за време на модните недели и се пример како да го носите сакото кога времето е променливо.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари