• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Ексклузивна колекција на дизајнерот Александар Ношпал за е-продавницата МИТРА

Од stylist @StylistMKD · На јуни 23, 2020

noshpal mitra (2)

Ношпал ѝ се враќа на „ready-to-wear” модата со ексклузивна колекција за МИТРА

Е-продавницата МИТРА и реномираниот моден дизајнер Александар Ношпал лансираат заедничка колекција под името „Ношпал Митра Limited Edition” која ќе биде достапна ексклузивно на веб-страницата на продавницата.

После долги години работа во театрите и балетите низ земјата и во странство, Ношпал се прилагодува на промените и ѝ се враќа на „ready-to-wear” модата, креирајќи мини колекција во соработка со онлајн продавницата. За МИТРА, ова значи создавање на првиот сопствен бренд. 

Колекцијата „Ношпал Митра Limited Edition” содржи парчиња облека кои следат форми на убедливи, шарени ткаенини, смели координати и неограничени силуети, како и еднобојни максималистички форми. Чувствувајќи се ослободено, Ношпал се навраќа кон основната убавина и изразот на индивидуалност, создавајќи колекција која се разликува од неодамнешните негови креации, но која дефинитивно ја следи неговата уникатна визија. 

„Колекцијата е настаната во време кога целата модна индустрија ги затвора своите врати, a претставува искра надеж за сите креативци во светот и е посветување на глобалната интеграција во борба за зачувување на човекот, негова адаптација и интеграција кон природата. Колекцијата ја содржи европската елеганција, африканската лежернoст и јапонскиот минимализам. Адаптипилна,лелеава и комотна. Едноставна… како што треба да продолжи да биде и нашиот живот”, вели Ношпал.

noshpal mitra (1)

Проектот „Ношпал Митра Limited Edition” доаѓа како одговор на глобалната здравствена и економска криза и нејзиното масивно влијание врз модната индустрија. Во време во кое индустријата се соочува со големи загуби, МИТРА и Ношпал се прилагодуваат на промените, создавајќи колекција која е лимитирана и позиционирана стриктно на е-пазарот. 

„Ношпал Митра Limited Edition” е штедлив и одржлив проект. Парчињата облека ќе бидат со исклучително висок квалитет и разумна цена, а купувачите ќе имаат можност да ги споделат своите мерки, преференци за материјали и модели директно со тимот.

„Со оглед на нивото на хиперпродукција на облеката што ѝ претходеше на оваа криза, се надеваме дека деновите во затворен простор можат да донесат револуција. Ова е повик за будење и за потрошувачите и за индустријата како целина. Заканата што ја држи оваа пандемија над нашите глави е повик за акција за модната индустрија да забави, да се оддалечи од масовното производство, да ја смени насоката и да се подобри пред да дојде до уште поголем проблем. Нашиот проект ‘Ношпал Митра Limited Edition’ е круцијална активност за поддршка на модата”, велат од МИТРА.

Заштитни лица на колекцијата се маркантните Надица Георгиева и Веда Евтимова, а фотографиите ги изработи Дарко Мораитов. Фризурата е на Panache, шминката на Зоран Шурбевски, а асистент е Викторија Арсовска.

Колекцијата ќе биде во продажба од петок, 26 јуни, ексклузивно на www.mitra.mk. 

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics