Познато е дека ефектот на пријатниот мирис влијае на визуелната перцепција и на начинот на кој лицата емотивно ги доживуваме. Често, најголемото влијание за атрактивноста на една жена го има нејзиниот мирис. Во кампањата посветена на Денот на жената, компанијата AVON лансира нов парфем, посветен и инспириран токму од нејзината женственост и префинетост, новиот Cherish мирис создаден да ја прослави Неа. Парфемот е создаден од две реномирани парфимеристки Хонорин Бланк и Ани Базантиан, кои со своето три-културно богато искуство од Либан, Париз и Њујорк за првпат заедно ја испреплетуваат својата уметност со страст.
Овој мирис од цветна овошно-шумска категорија е лежерен, сладок и женствен, полн со енергија. Во себе крие тонови на извонредна мешавина од црешов цвет, скапоцен мошус и ноти на кремасти сандалови дрвја. Идеален е за ноќните излегувања за дамите кои сакаат да остават впечаток, како со својот стил, така и со мирисот. Дизајнот на самото шишенцето е женствен и грациозен, што зборува и за содржината на мирисот.
Нема коментари