Во доминантно црна и бела боја се креациите од новата Studio колекција за есен-зима 2017/18 на популарниот бренд „Зара“. Моделте се базични, елегантни и безвременски, но со трендовски шмек. Тоа се парчиња во кои ќе изгледате отмено, без разлика дели ги комбинирате со свила, тантела, впечатлив колорит, џинс или пак со едноствни црни или бели модели. Понудени се кожни јакни и мантили, палтенца инспирирани до војничката облека, панталони и сакоа со машки крој, свилени и транспарентни викторијански кошули и фустани и романтични модели. Застапени се и дебели џемпери со ретро плетка. Комбинациите се заокружени со чанти и чокери украсени со бисери, капетанова капа и кожени чизми до глужд со шпиц или коцкаста потпетица. Со оваа линија „Зара“ дава нова димензија на елеганцијата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари