• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју, фото галерија 0

Антонија Ристовска BRIDE: Венчаници нежни како утринска роса

Од Ана Несторовска · На март 10, 2017

Antonija Ristovska Bride-2017 (18)

Пролетта со сите нејзини украси: утринската роса, расцутените гранки, пупки и цветови, утрата во кои таа е сонлива, а истовремено присутна и освестена се инспирација за новата нежна и романтична линија венчаници на дизајнерката Антонија Ристовска. Оваа деликатна модна приказна, наречена „Утринска роса”, е втората колекција на подбрендот за невестински фустани - „Антонија Ристовска BRIDE“.

-Новите венчаници се во стилот на модерната класика, а во исто време бајковити со вонвременска елеганција. Колекцијата е составена од две подколекции. Првата е составена од модели во кои помалку или повеќе се застапени нежно розовата и светло сината боја. Кроевите ја нагласуваат фигурата до  половината, романтични се и со доработки со мониста аплицирана на венчаниците преку нова техника. Во втората подколекција доминираат елегантни бели венчаници доработени со изобилство на 3Д цветови и богати тантели. Кроевите во основа се многу женствени и суптилно ја истакнуваат убавината на женската фигура. На секоја венчаница е работен рачен вез, со мониста, свилен конец, тантела и нежни 3Д цветови, детали кои им даваат посебна вредност. Колекцијата се состои од 20 модели во различни кроеви: А-линија, принцес, права со висок шлиц, сирена и кратки венчаници, во бела, нежно розова и светло сина боја, изработени од свила, шифон, жоржет, француски тул, брокат, тантела и многу рачна доработка-вели Ристовска.

Antonija Ristovska Bride-2017 (1)

Деновиве беше снимена фотосесија во „Скопје Мериот Хотел“ со фотографите Ани и Дими

* За каков тип на идни невести се моделите, како би ја опишала невестата во фустан од „Антонија Ристовска BRIDE“?

-Невестата која ќе одбере модел од новата колекција е самоуверена и своја, сака да биде поинаква, и се пронаоѓа во елегантно-романтичен стил. Во моделите ќе се препознаат девојки со истенчен вкус, кои имаат софистициран стил и посебна харизма.

*Се паметат венчаниците со твој потпис украсени со филигран, како и со рачно цртани цветови . Покажа дека додатоците може да бидат многу поиновативни од само бисери, циркони или цветни везови… Со што се украсени овој пат фустаните, какви додатоци имаат моделите?

-Моделите и повторно се со рачни изработки, но овој пат преку нова техника на аплицирање, вез на мониста со жица. Мотивите се инспирирани од пролетната утринската роса, а изработката е со монистри и нежни кристали кои со својот стај го даваат ефектот на утринска роса. Друг тип на доработка е со свилен конец и кристали. И секако доработките со нежна тантела со вез и релјефни ленти во нежно розе боја.

Antonija Ristovska Bride-2017 (21)

Заштитни лица на колекцијата се моделите Сара Цветанова и Ангелина Китановска

*Деновиве снимивте и соодветна промотивна фотосесија за креациите. Каде фотографиравте и кој го сочинуваше тимот?

-Фотосесијата е амбиентална во просториите на „Скопје Мериот Хотел“, ме освоија прозорите со нивната грандиозност. Заштитни лица на колекцијата се моделите Сара Цветанова и Ангелина Китановска кои позираа пред објективот на фотографскиот тандем Ани и Дими. Шминката и фризурата се од вештите раце на Даниел Николовски.

* Каде и во која форма ќе бидат промовирани венчаниците?

-Колекцијата премиерно на социјалните мрежи и онлајн медиумите ќе ја претставиме преку фотосесијата, а во живо идните невести ќе можат и одблиску да ги видат моделите на Саемот за венчавки „Во бело“ од 17-19 Март во Хотел Александар Палас и секако во моето ателје.

Antonija Ristovska Bride-2017 (12)

Колекцијата ќе може да се погледне на Саемот за венчавки „Во бело“ од 17-19 Март во Хотел Александар Палас

* Иако од своите почетоци пред повеќе од 20 години изработуваш венчаници, минатата година реши да го издвоиш како посебен оддел – „Антонија Ристовска BRIDE“. Како функционира овој подбренд, дали ќе го задржи препознатливиот романтичен и женствен стил на својот бренд?

-Ова е втора колекција венчаници која ја претставувам под името „Антонија Ристовска BRIDE“. Одлучив да ја одвојам линијата венчаници и да ја претставувам преку посебен подбренд бидејќи дизајнирањето венчаници се разликува од дизајнирањето друга облека. Дизајнот на венчаници дозволува да се креираат пораскошни креации, а од друга страна сте ограничени во однос на бојата. Можам да кажам дека дури и неочекувано доминира во делот на производство во однос на креациите во боја.  Ние секако вметнуваме малку необичност во нашите колекции на венчаници преку светли и нежни нијанси кои сепак асоцираат на венчален фустан. И секако, стилот го задржувам, мојата дама е посебна, софистицирана, женствена…

Antonija Ristovska Bride-2017 (7)

Ова е втора колекција на подбрендот на дизајнерката, „Антонија Ристовска BRIDE“

Antonija Ristovska Bride-2017 (8)

Antonija Ristovska Bride-2017 (9)

Antonija Ristovska Bride-2017 (2)

Antonija Ristovska Bride-2017 (4)

Antonija Ristovska Bride-2017 (3)

Antonija Ristovska Bride-2017 (13)

Antonija Ristovska Bride-2017 (10)

Antonija Ristovska Bride-2017 (11)

Antonija Ristovska Bride-2017 (5)

Antonija Ristovska Bride-2017 (6)

Antonija Ristovska Bride-2017 (14)

Antonija Ristovska Bride-2017 (15)

Antonija Ristovska Bride-2017 (17)

Antonija Ristovska Bride-2017 (19)

Antonija Ristovska Bride-2017 (20)

Antonija Ristovska Bride-2017 (26)

Antonija Ristovska Bride-2017 (24)

Antonija Ristovska Bride-2017 (22)

Antonija Ristovska Bride-2017 (16)

Antonija Ristovska Bride-2017 (23)

Antonija Ristovska Bride-2017 (25)

Ангелина КитановскаАни и ДимиАнтонија РистовскаАнтонија Ристовска BRIDEвенчанициВо белоДаниел Николовскиколекција венчанициневестински фустанипролет 2017Сара ЦветановаСкопје Мериот Хотел„Утринска роса”
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • 1 фото галерија

    Отворен „Лаб дизајн маркет“ во „Лабораториум“ – нов изложбен простор на македонските дизајнери и занаетчии

  • 2 фото галерија

    Носиме УМЕТНОСТ/llevamos ARTE – модниот настан на студентите на ТМФ омаж на Пикасо и шпанската уметност

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics