Во автентичниот амбиент на една од најтесните улици во Европа, ул. Конец во романскиот град Брашов, македонската дизајнерка Нела Тодоровска ја фотографира новата колекција. Зад фотообјективот застана Михаил Барбу, за шминката се погрижи Александра Команичиу, а моделите ги носи манекенката Андра Думитраче. Креаторката, која работи под својот бренд Mariguccha, била инспирирана од природата и нејзината моќ на трансформација. Користела природни материјали, а формите се променливи и прилагодливи за сечие тело.
-Во оваа колекција користев 100 отсто природни материјали како мерцериризан памук .Моделите се лесни и пријатни за носење, добро изработени и свежи. Деконструктивизмот е линијата во парчињата, неочекуваноста на кројката да продолжи од една во друга форма го прави парчето облека во друга димензија. Содржи 15 целосни аутфити, чевли и накит. Инспирацијата ја наоѓав во сè што се менува, нема постојана форма и лесно се прилагодува. Токму затоа таа нема броеви и лесно се прилагодува на секое тело и може да се носи на повеќе начини, воедно е и мултифункционална-вели Тодоровска.
Од оваа година Mariguccha работи накит од сребро и злато, чевли и чанти. Нејзините креации се достапни во Public room Скопје,Букурешт и Белград.
Тодоровска често ги промовира своите колекции со уникатни перформанси со кои прави спој меѓу модата и уметноста, креира костими за театар и за филм. Називот на нејзиниот бренд Mariguccha доаѓа од името на нејзината баба, Влаинка, кое значи Марија, Дева Марија. Има завршено факултет и мастер студии за моден креатор и костимограф во Букурешт на државната академија за уметност, а воедно две години била асистент на истиот факултет. Има работено во Романија на опера и неколку продукции за публицитет и филм. Изработила костими за повеќе опери и театар, краткометражни и долгометражни филмови и реклами.(А.Н.)
A post shared by Nela Todorovska (@mariguccha) on
A post shared by Nela Todorovska (@mariguccha) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари