Удобни и женствени креации, создадени од природни материјали се она што ја означува новата колекција на шпанскиот бренд Women’secret. Моделите се надополнети со неочекувани бои и детали кои му противречат на минимализмот и го збогатуваат изгледот на колекцијата.
Сензуалноста се разбира е неизбежна и е пренесена преку бројните модели од црна тантела кои се атратктивни, софистицирани и секси. Од друга страна, и секојдневните парчиња кои асоцираат на топлина, комоција и лежерност се значаен дел од колекцијата. Особено интересни се и пижамите инспирирани од класична, машка кошула кои се повеќе од женствени и привлечни.
Новитет за есен-зима 2014 е и достапноста на дел од машката колекција men’secret во продавницата во Skopje City Mall. Како и во женската колекција, и овие парчиња се направени од природни материјали, а се ќе направат да се чувствувате убаво, удобно и секси секој ден.
Нема коментари