Младата холивудска актерка Ела Фенинг имоделите Лара Стоун, Карен Елсон и Каролин Марфи се дел од новата колоритна и разиграна кампања за сезоната пролет-лето 2017 на италијанскиот бренд Miu Miu. Фотографиите, кои сигурно ќе ве стоплат во овие студени денови, ги сними Аласдар Меклелен. Тој пренесува автентична летна атмосфера, снимена на плажа и со поголемо друштво, каде што девојките носат шарени ретро бикини, мантили и фустани, во модерни комбинации.
Нема коментари