Дизајнерката и стилистка стационирана во Њујорк, Лиза Мари Фернандес, ја лансира својата нова линија со модели за на одмор. Станува збор за трендовски париња облека и костими за капење со ретро елементи, во кои сите ќе посакаат да се појават на плажа ова лето. Тие се женствени и комфорни, по мерка на секоја модерна девојка и жена. Костимите за капење се со актуелта гингам шара, а понuдени се целосни модели со спуштени рамена и дводелни парчиња со долен дел со висок струк. Фустаните се во бохо стил, од лесни ленени материјали и со карнери. Тое се со бледо црвени коцки и пруги. Парчињата може да се носат и во урбана средина, во комбинација со сламени чанти, сандали, патики или еспадрили.
Нема коментари