Модната куќа „Баленсијага“ и креативниот директор Демна Гвасалија вчера на Инстаграм ја објавија кампањата за машката колекција за пролет 2018, која за кратко време ја подели модната публика. Направена како да е фотосесија од некој стар каталог или во кабини за инстант фотографии, за многумина кампањата и целата естетика што дизајнерот ја презентира во „Баленсијага“ е толку многу далеку од модното наследство на самиот Баленсијага. Во желбата да биде многу „кул“ она што никогаш не било „кул“, сè на крајот изледа толку многу „некул“.
Кампањата изледа како непријатни семејни портрети, направена е винтиџ позадина и пред саксија со цвеќе, а моделите носат предимензионирана облека инспирирана од 80-тите и 90-тите. На некои им се допадна оваа носталгија по таа еститика, воведувањето на одредена авангардност и глорифицирање на она што беше најгрдо и најомразено во модата од тој период. Ама за доста модни познавачи Демна треба да престане да креира за „Баленсијага“, бидејќи ова нема никаква врска со естетиката на куќата и својот стил слободно може да го пласира преку сопствениот бренд Vetements. „Демна го уби историскиот концепт за елеганција што луѓето го имаат за Баленсијага“, вели еден коментар.
Balenciaga Men Spring Summer 18 campaign. Photography by @RobbieAugspurger, styling by @LottaVolkova
A post shared by Balenciaga (@balenciaga) on
Ова уште еднаш ја отвора дилемата дали модната индустрија го губи идентитетот и конкретно го отвора прашањето дали модните креатори кои се ангажирани во големите модни куќи треба да ја следат естетиката на основачот на некој одреден бренд, нешто што на пример Карл Лагерфелд го прави со децении во „Шанел“, или треба да создаваат сосема нов стил и дали тогаш се задржува правото да се носи името на стара, позната модна куќа.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари