Во потрагата по идеална течна пудра која има покривна моќ, долготрајно дејство, но во исто време пружа леснотија дојдовме до новитетот на козметичкиот бренд Bobbi Brown -Skin Long-Wear Weightless Foundation SPF 15. Наменета за нормална до масна кожа, оваа течна пудра кратко време по светското ласирање пристигна и кај нас, и може да ја најдете во парфимеријата на Анабела во Скопје сити мол. Неодамна беше промовирана на настан за новинари, блогери и инфлуенсери во парфимеријата Анабела, а промоцијата ја водеше Анета Малчева, професионално обучен тренер за козметиката на Bobbi Brown. Таа зборуваше за пудрата Skin Long Wear Weightless Foundation SPF 15 и нè воведе и во останатите новитети кои се дел од пролетната колекција на производи за нега и убавина од овој бренд.
Зошто Bobbi Brown -Skin Long-Wear Weightless Foundation SPF 15?! Оваа револуционернаподлога е неверојатно мазна и прилагодлива течна пудра која овозможува 16-часовна долготрајност, удобност и чувство на леснотија во текот на целиот ден. Доаѓа во 13 бои, а пигментите се прецизно избалансирани за да го креираат природниот спектар на нијанси за сите тонови на кожа. Оваа свиленкаста пудра успешно ги покрива црвенилото, пигментацијата и порите. Не содржи масло, овозможува природен мат изглед и е идеална за целодневно носење без чувство на тежина. Отпорна е на вода и на потење на високите температури, а содржи и заштитен фактор. На ова Bobbi Brown ја додаде и формулата со состојки кои ја негуваат кожата и го контролираат прекумерното лачење на себум. Покрај рекламната кампања, компанијата Bobbi Brown ја ангажира познатата трендсетерка Оливија Палермо да ја промовираа оваа пудра.
Пробајте ја и колекцијата Еxtra Glow На промоцијата во Скопје беше обрнато внимание и на Extra Glow лимитираната колекција која овозможува прекрасен и блескав тен, која содржи илумнатори Extra Illuminating Balm, балзам за усни Extra Lip Tint Bare Pink Sparkle, потоа Extra Glow Skincare Palette која содржи негувачко масло и мелеми за сува кожа, палета која погодна и за патувања.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари