Оваа сезона мулти бренд концептот Fashion & Friends доживува збогатување на портфолиото со неколку нови и многу атрактивни брендови. Дестинацијата за сите љубители на најновите трендови сега станува вистинско модно уживање.
TOMMY HILFIGER
Добропознатиот бренд кој го слави американскиот лежерен и кул стил со класични парчиња дополнети со карактеристични елементи, оваа сезона го најде своето место во продавницата Fashion&Friends.
Создаден во 1985 година, Tommy Hilfiger е епитом на премиум стил, квалитет и вредност на интернационално ниво. Брендовите Tommy Hilfiger и Tommy Jeans како и разновидните капсулни колекции Hilfiger Collection, Tommy Hilfiger Tailored, TommyXGiggi, вклучуваат машка, женска и детска облека, модни додатоци, чевли како и козметика, очила за сонце, часовници… Главен дизајнер за брендот, сè уште е сопственикот чие име го носи компанијата.
Колекцијата Tommy Jeans за есен-зима 2018 ја слави американската икона, давајќи младешки осврт на легендарните модели на брендот. Омилените класици како рагби кошулата и „puffer“ јакната добиваат нов изглед во вид на предимензионирана силуета. Дезените се разиграни со линии и збогатени со широка палета на бои. Со повторувањето на култните модели од архивата на брендот, колекцијата се поигрува со чувството на носталгија со истакнати логоа и винтиџ исписи.
CALVIN KLEIN
„Oваа колекција е еволуција на мојата идеја за Calvin Klein – поглед кон американското општество, но во поширока, поуниверзална смисла. Тоа е алегорија преку која се среќаваат старите и новите светови, од откривањето на Америка, преку трката кон вселенски достигнувања во 60-тите, до информатичкото општество од 21 век“, на овој начин Раф Симонс, креативниот директор на компанијата ја дефинира идејата зад колекцијата за есен-зима 2018.
Calvin Klein веќе 50 години создава облека под мотото провокативно, модерно, сензуално, легендарно. Овој глобален бренд се заснова на храбрите, прогресивни идеи и минималистичката естетика. Calvin Klein се труди да ги инспирира своите купувачи користејќи атрактивни имиџи и впечатливи дизајни за да ги разбуди сите сетила. Брендот верува во култура која ги поттикнува откритијата и храбро размислување – на тој начин се трудиме да создадеме нешто позитивно во светот, инспирирајќи пасионираност, автентичност и индивидуалност.
STEVE MADDEN
Познатиот дизајнер Стив Маден го започнал својот сега популарен бренд во 1990 година на многу скромен начин – продавајќи чевли од својот автомобил, со вкупна инвестиција од само 1100 долари. Тој ја создал својата прва линија чевли со единствена цел – да ја револуцинизира индустријата за чевли со легендарни и иновативни дизајни. Денес Стив Маден има милиони купувачи низ целиот свет. Сите тие, колку и да се различни имаат едно нешто заедничко – љубовта кон уникатни чевли.
Брендот Стив Маден е инспириран од уличната мода и затоа Њујорк е одлично место за собирање идеи. Тука дизајнерот е постојано инспириран од новите трендови и урбани елементи. Колекцијата за есен-зима 2018 нуди различни стилови на чевли, меѓу кои спортски обувки, моторџиски чизми, елегантни високи потпетици и чевли со животински принт за уникатен, секси изглед.
Premiata e италијански бренд посветен на неконвенционалноста во дизајнот. Дизајнерите во Premiata велат дека нивните колекции не одговараат директно на никакви однапред воспоставени правила туку дека ги следат правилата на еклектиката и инстинктот.
Колекцијата за оваа сезона е наречена „Прошетка низ Токио“ и е инспирирана од паралелното постоење на хаосот и редот во Токио, главниот град на Јапонија каде се среќаваат спротивностите и создаваат нова димензија на современото живеење. Природната структура на Токио е направена од миксот на минатото и сегашноста, каде ефективната инфраструктура ги поврзува најфрекфентните со најтивките места, зелените паркови со облакодерите, каде иновацијата и традиционалната уметност постојат една до друга.
Нема коментари