• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 1

Нови артистички модни додатоци, накит, марами и облека во Lotus Design Store

Од stylist @StylistMKD · На декември 11, 2014

Рачно насликани марами, колоритен накит од мониста, артистички модни додатоци, уникатна облека за актуелната есен-зима сезона се новите производи  во концептуалната продавница Lotus Design Store. Дизајните на Билјана Каровска, Владимир Николиќ – Паун, Евгенија Петровска Вангелова со брендот „Гоблен“ и  Инес Шабан, се новитетот во Lotus Design Store. Покрај ова, промотивно оваа зима брендот Lotus Lounge Chair ги пресоблече „Лотус“ производите во празнично руво – мек и топол текстил, кои ќе може да се купат по промотивни цени.

lotus new (1)

Билјана Каровска е ликовен уметник (графика) која по подолго екпериментирање во светот на текстилните материјали професионално отстапи место во своето ателје за рачно сликање на свила и текстил дизајн. Марамите на Каровска се изработени во повеќе различни техники: класично сликање на свила (silk painting technique), рачно печатење на ткаенини  (printing and stencilling), tie-dye и нијансирање со чај. Материјалите во моменталната понудата се кашмир, свилен жоржет и памучен сатен. Секоја марама е уникатно парче. Мотивите се различни, од апстрактна игра и преливање на боите до конкретни и прецизни детали.

 

lotus new (3)

Владимир Николиќ – Паун по професија е графички дизајнер. Скоро пристигна во Македонија од Канада. Неговиот накит од мониста е изработен на различни начини (Peyote Stitch, Waterfall и Long Split Loom изработка на разбој). Фокусот на Николиќ се боите на етно шарите, па такаосвен Балканските етно шари, во неговиот накит се препознаваат и персиските, индиските и африкански мотиви. Често употребува полускапоцени камења како тиркиз и африканкси школки (Cowry shells).

lotus new (5)

Брендот „Гоблен“ на Евгенија Петровска Вангелова нуди широка понуда на модни додатоци –рачно изработени обетки во вид на копчиња, чанти и алки украсени со мониста, модерни додатоци со барокни елементи, итн.  Одличната изработка на богатиот вез на производитеод брендот „Гоблен“ е препознатлива по благата театралност и симболика која дава можност да се надгради модниот стил. Во процесот на дизајнирањето на производите најчесто се користи свила, велур и плиш.

lotus new (2)

Инес Шабан е млада модна дизајнерка која со својата есен-зима 14/15 колекција дебитираше на десеттото издание на Модниот викенд – Скопје. Во широката палета производи од колекцијата, Инес даваинтересни решенија на ригите како моден дизајн. Својата колекција ја опишува како „италијански гламур проткаен со њујоршки уличен стил и париска префинета едноставност”.

lotus new (6)

Брендот Lotus Lounge Chair овој месец лансира  производи за домашна употреба, изработени од зимски текстил, кој се карактеризира со изразена мекост, топлина испособност да „дише“. Lotus Lounge Chair нуди неспоредлива удобност давајќи одлична поддршка на целото тело . Лотусовиот стандарден водоотпорен Деним, пак е траен и мултифункционален производ кој обезбедува исклучително мека и удобна поддршка на телото и кој може да се употребува дома или надвор. Производите за сега се достапни во две бои.  Покрај целата оваа понуда, Lotus Design Store, кој се наоѓа на 2 кат во Скопје City Mall, за своите потрошувачи подготви празнични подароци -топли навлакиЛотус Елисе, но и многу други изненадувања.

Lotus Design StoreLotus Lounge ChairБилјана КаровскаВладимир Николиќ – ПаунГобленЕвгенија Петровска ВангеловаИнес ШабанМоден викенд-Скопје„Скопје сити мол“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1fwsk моден монитор

    Првиот ден на 33.Моден викенд Скопје започна со модни ревии, изложби и инсталации

  • ?????????????????????????? моден монитор

    Моден викенд ја најавува 33. сезона под знакот на модата и современата уметност

  • 1 karolina markov моден монитор

    Каролина Гочева маркантна во модел на Марков на концертот за 35 години независност

1 коментар

  • ВАНЃА РАДЕВСКА вели: мај 21, 2016 на 18:49

    многу ми се допаѓаат,продолжете со креациите,посебно со природната свила

    Одговори
  • Остави одговор Откажи одговор

    ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

    Калеидоскоп

    • sarastoi

      Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    Модна азбука

    • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

      јули 29, 2021

    Видео

    • skjapareli

      Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    Follow @stylistmkd
    Follow on Instagram
    Follow on rss

    НАЈНОВИ ОБЈАВИ

    • Alshar 2

      Вториот ден на Моден викенд ги поврза дизајнот, уметноста и одговорноста кон иднината

      ноември 2, 2026
    • 1fwsk

      Првиот ден на 33.Моден викенд Скопје започна со модни ревии, изложби и инсталации

      октомври 31, 2026
    • ivana manas

      Манекенката Ивана Манас на насловната на дигиталното модно списание ЕЛИТ

      октомври 29, 2026
    • ??????????????????????????

      Моден викенд ја најавува 33. сезона под знакот на модата и современата уметност

      октомври 1, 2026
    • aero

      Започнува AERO Street Food Festival – урбаниот фестивал за улична храна и музика

      септември 3, 2026

    Убавина

    • 1 K BEAUTY

      Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

      мај 6, 2026
    • 3

      Совети за пролетен блескав тен

      април 15, 2025
    • eucerin

      Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

      јануари 13, 2025
    • eucerin (2)

      Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

      декември 16, 2024
    • geske

      Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

      ноември 18, 2024

    Живот

    • aero

      Започнува AERO Street Food Festival – урбаниот фестивал за улична храна и музика

      септември 3, 2026
    • 1

      Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

      март 31, 2026
    • 1

      Витаминска бомба од 17 состојки

      јануари 9, 2026
    • winter festival

      Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

      декември 24, 2025
    • Poster-so-logoa-story_1

      Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

      ноември 6, 2025

    Култура

    • Svetska premiera Dobri luge

      Документарецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал

      август 17, 2026
    • 1

      Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

      јуни 1, 2026
    • 2indog

      Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

      мај 27, 2026
    • yes

      Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

      мај 12, 2026
    • toska

      Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

      мај 12, 2026

    Тагови

    Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
    • Дома
    • Контакт
    • За Stylist.mk
    • Маркетинг

    © 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics