Иако летната сезона само што фаќа замав, големите модни куќи веќе ги подготвија рекламните кампањи за следната сезона есен-зима 2016/17. „Барбери“ ја прикажа новата промотивна фотосесија, а следи кампањата на италијанската дизајнерка Алберта Ферети која ја ангажира супермоделката Кејт Мос. Црно-белите фотографии од кампањата се дело на Luigi & Iango.
„Живанши“ засега претстави само една фотографија од кампањата во која се појавуваат Бела Хадид, потоа една од омилените манекенки на креативниот директор Рикардо Тиши, Маријакарла Босконо, и уште неколку модели. Фотографијата е на Мерт и Маркус, а стајлингот на Карин Ројтфелд.
„Прада“ има нова кампања направена во смирен тоналитет, а во која се појавуваат Саша Пивоварова, Феи Феи Сун и неколку други манекенки. Фотографијата е на Стивен Мајзел.
Нема коментари