Модната куќа „Гучи“ за првпат во својата 90-годишна историја лансира козметичка линија која што се состои од шминка, кармини, пудри, сенки за очи и лакови за нокти, а за заштитно лице на кампањата што ја фотографираа Мерт и Маркус е избрана Шарлот Казираги, ќерката на монегашката принцеза Каролина. Шарлот изгледа гламурозно на фотографиите додека позира во неколку комбинации на бои од првата козметичка линија на брендот.
Нема коментари