За време на траењето на Канскиот филмски фестивал, на познатиот булевар Кроазета, на број 7, оворен е новиот бутик на модната куќа „Диор“. Сместен на три ката кои нудат буквално сè – машка и женска облека, чевли, накит, кожни производи и часовници, просторот е уреден во модерен стил со доза на футуризам, дизајн на Питер Марино. Доминираат белата боја во спој со ладната сива, модерен мебел во спој со класични столици, спектакуларни мермерни скали во спој со необични масивни столбови со што се постигнува ултра шик изглед на просторот.
Нема коментари