Познато е дека модните брендови со достапни цени инспирацијата за своите колекции ја црпат од оние дизајнерските, па постојано ги „ловиме“ оригиналите и клоновите. Последен пример е новиот lookbook на Zara TRF, наречен Neon, во кој моделите по облик и колорит многу наликуваат на креациите на Демна Гвасалија за „Баленсијага“. Ако не сте премногу смели да носите „чизми до струк“ по примерот на „Баленсијага“, може да одберете хеланки кои наликуваат на дизајнерскиот предлог. Трендот налага фустан облечен врз фармерки, па оваа комбинација нека биде алтернатива на портокалово-тиркизниот спој на „Баленсијага“. Сега впечатливите креации на Демна може да се носат во посмирена варијанта.
Нема коментари