Португалскиот бренд Parfois кој акцент става на накитот, чантите и модните додатоци за следната есен-зима 2016/17 го претстави новиот концепт на кампањата со која го поставува прашањето што значи дом, но во исто време го пренесува чувството на дом дури и на непознато место. Ѕвезда на новата кампањата на Parfois е манекенката Марија Локс која позира пред познатата зграда Walden 7 во Барселона, дизајн на славниот постмодерен архитект Рикардо Бофил. Низ објектовот на фотографот Родриго Кармуего зграпчени се боите и линиите на зградата, кои се поврзуваат со еден од највлителните модни трендови, а тоа се 70-тите години, кои во колекцијата на Parfois се претставени преку есенски нијанси на маслинесто зелена, потоа посветол тон на цигла боја, жолта, црвена, сина и зелена. Parfois предлага модернистички накит, микс на кадифе, бисери и тантела во модните додатоци, накит со благи етно референци, повеќебојни чанти и шапки.
Нема коментари