Хибридни производи за нега на лицето, дуел помеѓу мат или сјајно лице, новите кармини од линијата Pure Color Love се само неколкуте насоки од тренд рапортот на Estée Lauder за пролет 2017. Трендовите и новитети на овој козметички гигант имавме можност да ги проучиме и пробаме на презентацијата организирана за селектирани медиуми што се одржа во амбиентот на хотел „Парк“. Дознавме повеќе информации од Маја Божовиќ, регионален едукатор за Estée Lauder, која внимателно ни раскажуваше за новите производи, меѓу кои Day Wear Matte, матирачкиот гел крем, неколку anti-age препарати од линијата Revitalizing Supreme, матирачки и сјаен прајмер, но и новите кармини Pure Color Love со кои се постигнуваат мат изглед и омбре боење на усните како дел од трендовите препорачани од Estée Lauder. Новите кармини ги има во 30 бои, 4 различни финиши (мат, кремаст, shimmer и металик), кои може да ги комбинирате затоа што се замислени да ги носите на различни начини.
Еве ги перформансите на производите:
Revitalizing Supreme+Global Anti-Aging Wake Up Balm Оваа кадифена, повеќенаменска крема значително ја подобрува цврстината и еластичноста на кожата, и значително го намалува изгледот на мимичките линии и брчки.
Revitalizing Supreme+Global Anti-Aging Cell Power Crème Клуч за младешки изглед. Повеќе наменска крема која потикнува произведување на колаген и еластин и ја прави кожата свилена и мека.
Revitalizing Supreme+Global Anti-Aging Cell Power Eye Gelee Гел крема за подочници, третман против уморен изглед со апликатор за масажа со ладен ефект кој ја потикнува микроциркулацијата и го намалува нејзиното стареење.
Pure Color Love Lipstick овошен коктел кармин со заводлив Cake batter мирис, содржи: шипка, манго и акаи- за меки и нежни усни во текот на целиот ден.
The Illuminator Radiant Perfecting primer+ Finisher Производ со сјајен ефект кој може да го користите за подлога како хидратантна база, но и како финиш за ултра свеж изглед. Како и да го користите вашата кожа ќе изгледа тонизирано и блескаво.
DayWear Matte Oil-Control Anti-Oxidant Moisture Gel Crème крем за лице со мат ефект, моментално ја освежува кожата, го контролира лачењето на себум од кожата и долгорочно помага во борба против стареење на кожата.
The Mattifier Shine Control Perfecting Primer + Finisher производ со двојна намена кој може да се користи како подлога за шминка која и дава на кожата беспрекорен мат и здрав изглед или како краен ефект за намалување на сјајот на масната кожа.
Новитетите може да ги најдете во Anabella Beauty Spot.
Нема коментари